Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ НА БДП И НЕВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат статистиките?

РАСТ НА БДП И НЕВРАБОТЕНОСТ: Што покажуваат статистиките?

Стапката на раст на бруто-домашниот  производ (БДП) за третото тримесечје од 2017 година е 0.2%.

Оваа информација ја објави Државниот завод за статистика. 

Во третото тримесечје од 2017 година, најголем пораст е забележан во секторите: Е, Ж и З - Трговија на големо и трговија на мало; поправка на моторни возила и мотоцикли; Транспорт и складирање; Објекти за сместување и сервисни дејности со храна од 9.8%; А - Земјоделство, шумарство и рибарство од 3.8% и Ј - Дејности во врска со недвижен имот од 0.9%.

Финалната потрошувачка на домаќинствата, вклучувајќи ги непрофитните институции кои им служат на домаќинствата, во третото тримесечје од 2017 година номинално расте за 5.0%, а нејзиното учество во структурата на бруто-домашниот производ изнесува 65.5%.

Во истиот период, извозот на стоки и на услуги номинално се зголеми за 9.8%, а увозот на стоки и на услуги  забележа зголемување во номинален износ од 5.0%.

Стапката на невработеност во третиот квартал годинава изнесува 22,1%, објави Државниот завод за статистика. 

Aктивното население во  Република Македонија брои 954 814 лица, од кои вработени се 743 451, а 211 363 лица се невработени.

Слично

Поврзани вести