РАСТ НА БДП: Економијата лази, инвестициите „ќе издишат“!
Уште една економска година во која економијата ќе испорача позитивна стапка на економски раст, но не доволна за да тој исчекор директно да се почуствува врз стандардот на граѓаните. Политичката криза и незвесноста што ја донесе го земаа својот данок – Народната банка ја намали проекцијата за економски раст на 3,2%. И предизборниот период што следува носи ризици кои директно ќе бидат пресметани во идните одлуки на странските и домашните инвеститори.
Извоз, потрошувачка, цени – како ќе заврши 2015 година...
Прогнозите за драматично намалување на инвестициската активност во пакет со прогнозата за намалување на извозот се дел од клучните фактори кои ги стопија очекувањата за раст на економијата за 4,1% годинава. Народната банка ги ревидираше проекциите во надолна линија, намалувајќи го растот на 3,2%. За разликата од априлските проекции, октомвриските предвидуваат пред се пад во инвестициската активност. Така наместо планираните 2,7% раст на инвестициите, сега се превидува дека тие ќе се згоелмата за 0,7%. Опоравување с еочекува во 2016 година со стапка од 2,8% и во 2017 година, кога се оечкува стапка на раст од 2,1%.
Намалување се очекува и на извозната активност. За разлика од априлската проекција за раст на извозот од 2,7%, сега очекувањата се дека тој до крајот на годинава ќе се зголеми за 1,6%.
Според новите ревидирани проекции на НБМ, годинава се очекува раст на јавната потрошувачка од 0,2% на 0,6%.
Народната банка во надолна линија ги ревидираше и очекувањата за инфлацијата, со проекција дека годинава ќе заврши со стапка од 0%, додека пак следната година цените на мало ќе пораснат околу 1,5%.
Позитивните стапки на раст не допираат до граѓаните ?
Врз основа на сите направени анализи, а како што и претходно најави, гувернерот Димитар Богов соопшти дека НБМ ја намали проекцијата за економски раст од 4,1% на 3,2%.
“Нашата економија покажа дека има здрави фундаменти и се покажа доста отпорна. Значи во такви услови растот изнесува слично на минатогодишното ниво. Очекуваме годината да ја завршиме со 3,2% економски раст. Наредните две години тој ќе забрзува на 3,5 односно 4%. Фундаменталните фактори кои што го движат овој раст се исти: државниот инвестициски стимул, позитивните ефекти од новите капацитети кои што се исклучиво извозно ориентирани ,поволните движења на пазарот на трудот и солидната кредитна поддршка“, изјави Богов и додаде:
“Растот во следните две години ќе забрза врз основа на засилувањето на извозот и инвестициската активност, но и зголемување на личната потрошувачка. Добро за нашата економија е што и очекувањата за растот на економијата во Европската унија во следните две години се оптимистички. Единствено, негативен ефект врз странската побарувачка може да има влошувањето на економијата во Грција“.
Според досегашните испорачани економски резултати,надобра економска година е 2007 кога економијата покажа раст од 6,5%. Во изминатите неколку години, две беа во знакот на рецесија. Дел од економистите подолг период укажуваат дека со сегашните стапки на раст на БДП, кои се движат околу 3 отсто, не може да се очекува рефлексија врз стандардот на граѓаните.
“Премиерот мошне сериозно и натаму не „убедува“ дека стапката на раст од 2,6% на БДП во првото полугодие од годинава е успех, иако пред само некое време тој проектираше 4%. И замислете, тоа ти бил десетти највисок раст во Европа, а заборава дека пред само неколку месеци се фалеше дека Македонија во првото тримесечие од годинава остварува, како втора во Европа, највисок раст од 3,2% на БДП. Во желбата да се пофали дури превиде дека со рангирањето како „десетта“, самиот тој признава дека осум земји веќе не „претркале“ и дека Македонија го губи темпото на раст. Сето тоа не е битно. Важно е да има „раст“ и „висок ранг“ и дека „тој“ очекува растот да се зголеми во наредниот период. А што не се зголемува, кој памти? Останува ветувањето дека натаму ќе биде подобро“, напиша економистот Крсте Шајноски во една од своите колумни за “Фактор“.
Дел од економистите сметаат дека на Македонија и се потребни најмалку десет години во континуитет да испорачува стапки на раст повисоки од 8% за да тоа придвижување да се рефлектира и врз стандардот на граѓаните. Неодамна и Светска Банка ни пресмета дека со стапка на раст од 4,5% во период од 30 години, македонските граѓани би го достигнале европскиот просек. Според сегашните позиции, македонскиот стандард изнесува 36% од евроскиот просек, и ова ниво е бетонирано со години, пришто земјава е во групата на оние чии граѓани се најсиромашни.
А.Д.
Слично
