Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раст на акциите на Волстрит

Раст на акциите на Волстрит

По шест дена пад, цените на акциите на Волстрит денеска забележаа највисок дневен скок во последните четири години.

Dow Jones скокна за 3,95 отсто, на 16.285 поени, индексот S&P 500, порасна за 3,90 проценти, на 1.940 поени. Истовремено Nasdaq порасна за 4,24 отсто, на 4.697 индексни поени.

Растот на цените, некои аналитичари велат дека се должи на проценката на инвеститорите кои виделе дека имаат можност за купување во последните шест дена кога акциите вртоглаво паѓаа. А дел од нив сметаат дека оваа состојба се должи на можноста да биде одложено зголемувањето на каматите на американската централна банка, а со тоа се одложи и стравот од падот на кинеската економија.

Слично

Поврзани вести