Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСТ: Македонија го фати најголемиот залет во регионот-ризиците неизбежни!

РАСТ: Македонија го фати најголемиот залет во регионот-ризиците неизбежни!

Светска банка ги објави проценките дека бруто домашниот производ на Македонија и оваа година ќе има раст од 3,7 одсто, а дека во наредната година ќе биде четири одсто.

Во полугодишниот извештај на Светска банка за земјите од југоисточна Европа се наведува дека Македонија лани со пораст во економијата од 3,7 одсто имала највисока стапка на раст во регионот.

На тој раст влијаел јавниот сектор и извоз на странски компании кои работата во странските зони, а порастот на БДП се пресликува и на отворени работни места во приватниот сектор.

„Македонија спроведуваше реформи и евидентно било придвижувањето кон раст кое го покренуваат инвестициите. Но сега, со политичката неизвесност, повторно се гледа пресврт и растот го покренуваат јавните потрошувачки“, оценила регионалната директорка во Светската банка Хелен Голдстин.

Највисок ризик за понатамошен економски раст е политичката несигурност, која како што е истакнато, мора да се надмине.

Според светска банка, главни предизвици на Македонија се решавањето на полтичката криза, продолжување на структурнитереформи и намалување на фискалниот дефицит. Голем ризик за македонската економија, покрај политиката претставува и бегалската криза.

Редовниот полугодишен извештај на СБ за југоисточна Европа е претставен истовремено, преку видео линк, во сите главни градови во регионот, во Белград, Сараево, Подгорица, Скопје и Тирана.

Слично

Поврзани вести