Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПРОДАЖБА НА ДРЖАВЈАНСТВО: Оваа земја од Балканот нуди пасоши а еве за колку пари

РАСПРОДАЖБА НА ДРЖАВЈАНСТВО: Оваа земја од Балканот нуди пасоши а еве за колку пари

Програмот за стекнување црногорско државјанство преку инвестиции ќе трае три години, почнувајќи од 1 јануари 2019-та и во тој период може да се прифатат најмногу 2 000 барања, одлучи владата во Подгорица.

Еден од условите е дека за црногорско државјанство може да аплицира странец кој во Црна Гора или друга земја не е правосилно осуден и за кој агент за оценка на меѓународна подобност дал позитивно мислење вклучувајќи доказ за потеклото на парите наменети за уплата и вложување согласно со денешната одлука.

Според надлежните црногорски власти одлуката која е донесена за економското државјанство има за цел понатамошно забрзување на економскиот развој и привлекување на странски инвестиции кои според неговите зборови ќе донесе нови работни места.

-Економското државјанство одамна е препознаено во бројни земји ширум светот како важен инструмент за привлекување инвестиии. Со оваа одлука ќе ги интензивираме развојните проекти и развој на неразвиени подрачја-рекол потпретседателот на Владата Милутин Симовиќ.

Апликантите мора да ги задоволат критериумите за полагање на сметка на државата на Црна Гора 450 000 евра во Приморскиот регион и Подгорица, односно 250 000 евра во Северниот регион и Централниот регион освен Подгорица, како и 100 000 евра наменети за помалку развиени подрачја, пренесува црногорски Вјести.ме


Foto: Printscreen Vijesti.me


Слично

Поврзани вести