Расправија за Јанева и Јанкулоска однесе во смрт 80-годишен старец од село Маково
80 годишен старец после расправија и неколку чаши ракија со 53-годишен поранешен осуденик бил претепан оти ја фалел работата на специјалната обвинителка Катица Јанева, а ги кудел поранешните министри на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Јанкулоска и Миле Јанакиески, пренесува агенцијата Мета.
Како што пишува погоре споменатиот медиум 80 годишниот жител на мариовското село Маково вчера бил претепан до смрт и иако веднаш бил префрлен на одделот за анестезија, реанимација и за интензивно лекување, по кратко време им подлегнал на повредите, а случајот го потврдила битолската полиција која што го потврдува случајот.
– Пациентот е донесен со сериозни повреди во животна опасност, направена е интензивна реанимација, ставен е на машина за дишење, но само по половина час, поради типот на повредите, починал – изјавила портпаролката на битолската клиничка болница, Јагода Стојановска.
