Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расправата за уставните измени заврши, Собранието го има конечниот збор!

Расправата за уставните измени заврши, Собранието го има конечниот збор!
Заврши 30-дневната јавна расправа за измените на највисокиот правен акт, што ги предлага Владата. На последната дебата денеска во Собранието, ставовите ги соочија експерти, граѓански активисти, пратеници... Предложените измени ќе бидат испратени и до меѓународните институции кои до 10-ти октомври треба да го дадат своето мислење, а тогаш се очекуваат и завршните препораки од Венецијанската комисија, која веќе изнесе свои забелешки за дел од измените. Најнеизвесна е поддршката на мнозинството на Парламентот за уставниот амандман со кој се предвидува регулирање на бракот како заедница на еден маж и една жена. За оваа точка најави дека против ќе гласа и пратеничката на ДОМ Лилјана Поповска, иако е од владејачкото мнозинство. „Ако е доз­во­ле­но са­мо хе­те­ро­сек­су­ал­но пар­тнер­ство ме­ѓу еден маж и ед­на же­на, то­гаш се из­ве­ду­ва зак­лу­чок де­ка се дру­го е заб­ра­не­то, а тоа што е заб­ра­не­то, др­жа­ва­та мо­же да го го­ни. Се пос­та­ву­ва пра­ша­ње да­ли др­жа­ва­та има на­ме­ра да ги го­ни ЛГБТ лу­ѓе­то, по­ра­ди ко­ја при­чи­на и за ко­ја цел“, рече таа на денешната дебата. Пратениците од мнозинството, и покрај отсуството на опозицијата од Собранието, сепак сметаат дека условите се соодветни за измена на Уставот. „Уставните измени доаѓаат во еден добар политички период, период во којшто се завршени парламентарните избори, и во кој имаме една стабилна позиција која може да презема и посмели и позначајни чекори, како што се промените на Уставот“, рече Александар Николовски од ВМРО ДПМНЕ. Освен уставното регулирање на бракот, со пакетот уставни измени се предвидуваат промени во составот на Судскиот совет, промена на името на Народната банка на Република Македонија, се воведува поимот уставна жалба, а се воспоставуваат и меѓународни финансиски зони во Република Македонија.
Слично

Поврзани вести