Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПРАВА ТРЕТ ДЕН: Минималната плата „главна“ во Собрание

РАСПРАВА ТРЕТ ДЕН: Минималната плата „главна“ во Собрание

И денес фокусот во Собрание ќе биде на предлог измените на законот за минимална плата.

Трет ден како народните избраници ќе дискутираат за прашањето, минималната плата од месец март да изнесува 18 000 денари.

Владата ги скрои измените на Законот за минимална плата, со кои таа веќе од март ќе се искачи на 18.000 денари, и за кои им предлага на народните избраници да ги усвојат по скратена постапка.

„Со предлог законот за измени на Законот за минимална плата, ќе се предвиди нов начин на усогласување, како и финансиска помош за работодавачите, за периодот март-декември 2022 година“, се вели во предлог законот.

Од Владата објаснуваат дека во последниов период цените многу се зголемиле, а тоа неминовно мора да доведе и до раст, но и до соодветен модел на усогласување на платите.

„Имајќи предвид дека во изминатиот период има појава на пораст на цените на одделни  производи, кои се од  витално значење за работниците, а со тоа и на домаќинствата, и тоа има влијание и на нивниот животен стандард, се наметна потребата за обезбедување на соодветен модел на усогласување на висината на минималната плата, како и нејзино зголемување, од март 2022 година“, се вели во владиното образложение.


Слично

Поврзани вести