Економија, финансии, бизнис

Контакт

Распитот завршен: Груевски не се чуствува виновен за уривањето на „Космос“

Распитот завршен: Груевски не се чуствува виновен за уривањето на „Космос“

Заврши распитот на екс премиерот Никола Груевски кај судија во претходна постапка во Кривичниот суд во Скопје.

Во кратка изјава за медиумите првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ рече дека не чуствува вина.

Денеска бев повикан во судот затоа што Катица Јанева изразила сомнеж дека ќе ја напуштам земјата. Не знам  али некој верува во тоа, но се гледа дека СЈО прави чекори кои се нарачани и најверојатно тоа го посакува нивниот нарачател кој во неколку наврати изјави дека не ги признава македонските судови. Веројатно тоа е негова желба, но тоа ниту ќе го сторам ниту е вистина, ниту ќе му ја исполнам неговата желба, посочи Груевски.

Тој исто така рече дека нема намера и не планира да бега или да ја напушти државата, а очекува дека во иднина повторно ќе имало обиди за негово малтретирање да доаѓа во судот. Тој не сакаше да одговара на новинарски прашања. со образложение дека го чека настан.

Поништувањето на аболицијата го додаде лидерот на ВМРО ДПМНЕ Никола Груевски на списокот осомничени на Специјалното јавно обвинителство.

Истрагата на СЈО „ТНТ“ покажа дека Аболицирани политичари од одмазда го урнале „Космос“

„Одредени аболицирани „политичари“, најгрубо и со умисла, злоупотребувајќи ја службената положба и овластувања, од одмазднички причини, само затоа што некој имал поинаква политичка определба, нанеле огромна штета со уривање на станбено-деловен комплекс кој бил во фаза на изградба. Се работи за рушењето на комплексот КОСМОС, сопственост на Фијат Цановски, воедно и претседател на Партијата за Европска Иднина (ПЕИ)“, изјави обвинителката Фатиме Фетаи, претставувајќи го случајот пред медиумите.

ФИЈАТ ЦАНОСКИ ДО ГРУЕВСКИ: Народот ќе те казни за сѐ што ѝ направи на Македонија

Преку социјалната мрежа Фејсбук, Фијат Цаноски во јануари отворено му се обрати на премиерот Никола Груевски и го повика да одговори на неколку прашања за рушењето на „Koсмос” . Цаноски го повика на одговорност и побара оштета за рушењето на објектот.

Еве што напиша Цаноски :

„Му се исполни желбата на Груевски, еве како изгледа КОСМОС после 5 години, околу 50.000м3 рециклиран бетон на 30.000м2 земја… Само едно ќе го прашам и него и тој малиот министер Миленце, од каде меревте, од кој булевар или улица дека било повисоко за 1.43см?,

 И тогаш и сега, тука нема ниту булевар, ниту улица… Зошто не сакавте да го видите вештачењето од Градежен факултет каде што ви објаснуваат како се мери кота нула и каде ви напоменувааат дека објаектот не отстапува ниту милиметар од дозволата за градба??? И зошто вашиот градоначалник не ми ја дал дозволата за градба

 Зошто вашите градоначалници веднаш после рушењето ми ги наплатија сите комуналии од 5.200.000 евра и плус камати од 2.000.000 евра кога немаа намера да ги изведат и булеварот и споредните улици? До ден денес немаат преземено никакви активности, иако во договорот стои дека се обврзани да ги изведат во рок од 5 години, а тој рок помина???

 Зошто вашата УЈП ми наплати 900.000 евра за ДДВ на рушење кога и тоа не е по Устав и закон да се плаќа ДДВ на нешто што не постои?

Целата објава на Цаноски може да ја прочитате тука.

Слично

Поврзани вести