Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАСПИТОТ НА ЈАНКУЛОСКА СЕ ОДЛОЖИ: Таа не даде исказ, бара увид во доказите!

РАСПИТОТ НА ЈАНКУЛОСКА СЕ ОДЛОЖИ: Таа не даде исказ, бара увид во доказите!

Екс министерката Гордана Јанкулоска денеска се појави на распит во СЈО. Сепак таа одби да даде исказ за случајот Тврдина и побара увид во доказите и документите.

Според неа не биле испочитувани елементарните услови на странките во постапката, односно не и биле дадени на увид никакви докази за овој предмет.

Јанкулоска пред медиумите изјави го повтори ставот дека не се чуствува виновна и тврди дека не сторила кривично дело.

Вели не се исполнети минималните услови за да се одвива процедурата, но стои на располагање во секое време да се појави во обвинителството кога ќе и се презентираат доказите.

Таа се сомничи во два случаи на СЈО „Тврдина“ и „Титаник“ и досега негираше вина пред судија на претходна постапка.

Екс министерката Јанкуловска се товари во случајот за незаконското уништување на опрема за прислушување познат како „Тврдина„ кој го отвори Специјалното обвинителство (СЈО).

Слично

Поврзани вести