Економија, финансии, бизнис

Контакт

Распишан тендер за изградба на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар

Распишан тендер за изградба на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар

За три години, односно до 2019 година Полошкиот регион би требало да биде целосно гасифициран.

За овие потреби вчера од државната компанија „Македонски енергетски ресурси“ распишаа тендер за  изградба на магистралниот гасовод Скопје – Тетово – Гостивар.

Овој проект според распишаниот тендер ќе чини околу 2 милијарди денари а парите се обезбедени од кредитот кој го обезбедија Дојче Банк и Ерсте групата.

Рокот за доставување на документацијата за учество на тендерот на заинтересираните компании е 10 март а за тогаш е закажано и јавното отворање.

Првата фаза од проектот за гасификација опфаќање гасифицирање до Тетово и Гостивар a според информации на Фактор гасоводната мрежа од Скопје преку Тетово до Гостивар има должина од  76 километри.

Владата лани се задолжи кај Дојче Банк и Ерсте група со 90 милиони евра за изградба на 204 км гасоводна мрежа.

Според, првичните информации на Фактор, гасоводната мрежа што треба да се гради од блок станица 5 до Неготино е со должина од 36 километри , потоа од Неготино до Битола е со должина од 92 километри , а од Скопје преку Тетово до Гостивар има должина од  76 километри.

Што содржи договорот за заем?

Според неофицијалните информации на Фактор, парите ќе треба да се повлечат во седум транши. Еве како би изгледало повлекувањето на парите од комерцијалните банки.

Барање за користење на средствата   Датум на користење на средствата (од датумот на овој Договор)

  • Прво барање за користење на средствата 2 недели                             10.000.000 евра
  • Второ барање за користење на средствата 6 месеци                             10.000.000 евра
  • Трето барање за користење на средствата 12 месеци                          15.000.000 евра
  • Четврто барање за користење на средствата 18 месеци 15.000.000 евра
  • Петто барање за користење на средствата 24 месеци                          15.000.000 евра
  • Шесто барање за користење на средствата 30 месеци                          15.000.000 евра
  • Седмо барање за користење на средствата 36 месеци                          10.000.000 евра

Жестоки ставови на власта и опозицијата имаше за кредитот

Антидржавен и коруптивен е законот со кој Владата сака по скратена постапка да се задолжи кај Дојче банк и Ерсте банк 90 милиони евра за гасификација, а при тоа дел од парите во исклучителни случаи да ги користи за буџетска поддршка, тврдеа од опозициската СДСМ. Според Кире Наумов, ова задолжување кај двете комерцијални банки е двојно поскапо од задолжувањето што за истиот проект би се реализирало кај Светската банка, која исто така изразила интерес да го финасира проектот.

„Со ова задолжување, државата на камати ќе потроши повеќе од 10 милиони евра. А, одбивањето на Владата да соработува со Светска банка за да се добие кредит со поповолни услови има една друга цел, и тоа се гледа самиот закон, каде има член со кој овие пари ќе може да се трошат за буџетска подрршка. Ставрески со овој потег единствено сака овие средства да ги троши за корумпирање на гласачите на изборите што следуваат во април“, вели Кире Наумов, претседател на Комисијата за финансирање во СДСМ.

Од Министерството за финансии, официјално не се одговорија зошто се задолжуваат кај коменрицјалните банки, наместо кај Светска банка, но неофицијално министерот за финансии Зоран Ставрески брифираше дека причината за таквиот потег била затоа што намерите на Светска банка биле присутни долги години, но немало конкретна реализација. Затоа се отишло на варијантата комерцијално финансирање за завршување гасификацијата. Ставревсни тврди дека парите од комерцијалниот кредит нема да можат да се искористат за предизборни цели. Тој тоа го објасни поради контролите од банките и бидејќи средствата се пуштаат на рати.

Согласно направената анализа на доставените понуди за финансирање, заедничката понуда од Deutsche Bank и Erste Group Bank е најповолна во споредба со понудите на останатите банки“ објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

Парите може да се користат и за буџетска поддршка?

Реализацијата на оваа прва фаза од  проектот треба да почне од 2015 година и да заврши во  2019 година. А во предлог законот Владата предвидува дека парите што ќе се земат како заем за гасификација во одредени околности ќе може да се користат за буџетска подршка.

„Користењето на средствата ќе се врши согласно планот за повлекувања на средства од заемот, утврден во Договорот за заем, а во случај кога планот за повлекување на средствата ќе отстапува од динамиката на реализација на проектот, средствата ќе се користат за буџетска поддршка“, се наведува во предлог законот.

Рокот на отплата на заемот е 7 години со вклучен грејс период од 3 години.

„Каматната стапка ќе се пресметува како збир од 6м EURIBOR +· маргина од 450bps. Договорот за заем предвидува можност за фиксирање на каматната стапка до крајот на периодот на отплата на заемот, при што истата ќе се утврди на денот на потпишување на договорот како збир од маргината од 450bps и варијабилен спред кој ќе се пресметува како збир од 5 годишен своп за евро валута и 0,40%, објаснуваат од Министерството за финансии во предлог законот.

А како дополнителни трошоци се предивдени и тие што  по склучување на Договорот за заем, а пред првото повлекување на средства, ќе се плати еднократна провизија во износ од 1,50% од вкупниот износ на заемот. Додека на  износот на неповлечените средства од заемот ќе се плаќа провизија во износ од 2,47%.

Парите што државата ќе ги земе со овој заем, потоа ќе се препозајмат на Македонски енергетски ресурси АД Скопје, компанија која треба да го имлементира  овој проект. Надзор над работата и реализацијата на проектот ќе врши Министерството за транспорт и врски. Министерството за финансии, Минстерството за транспорт и врски и Македонски енергетски ресурси АД Скопје ќе склучат посебен Договор за регулирање на меѓусебните права и обврски во имплементацијата на проектот.

И Светска банка се интересирала за проектот

Министерот Ставрески ја реши дилемата и потврди дека и Светска банка покажала заинтересираност но сепак владата одлучила задолжувањето да се направи кај двете комерцијални банки,бидејки процедурата е побрза а динамиката предвидена со првата и втората фаза не може да чека.

Документот до кој дојде „Фактор“ преку извори во ресорните министерства, ја покажува заинтерсираноста на Светска банка да го финансира проектот „Гасификација за делниците Штип-Неготино-Битола и Скопје -Тетово-Гостивар.“ Писмото од Светска банка, упатено до министерот за финансии Зоран Ставрески е испратено на 11 јуни годинава, а потпишано од Горан Тијаниќ.

Во дописот е наведено дека оценките на Министерството за финансии биле дека на краток рок, главниот двигател на побарувачката на гас по двете делници се очекува да биде индустрискиот сектор, особено во индустриите што во моментот користат лигнит и мазут во нивните производствени процеси, како и фабриката за Неготино. На среден рок, како ќе се развива дистрибуцијата на гасоводните мрежи за станбени и комерцијални објекти, се очекува да дојде до зголемување на побарувачката на гас. Понатаму, се потенцира дека должно внимание треба да се утврди на одржливост на овие гасоводни делици.

Слично

Поврзани вести