Расмусен: Хрватска да им помогне на останатите земји за влез во НАТО
Вратите на НАТО за Македонија, Босна и Херцеговина и Црна Гора се отворени ако ги надминат старите поделби. Ова го истакна генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусенспоред кого трите земји треба да покажат одговорност и вистински реформи, но и посветеност кон градењето мир и стабилност со соседите.
Според Расмусен, овогодинешното пристапување на Хрватска во ЕУ е важен чекор за интеграцијата на Југоисточна Европа. Во Дубровник, на заседанието на Парламентарното собрание на НАТО, имал разговори со хрватското раководство за кои вели дека се одвиваат во добра насока.
„Уверен сум дека Хрватска може да има важна улога за да им помогне на останатите земји од регионот да одат напред со неопходните реформи. Вратите на НАТО остануваат отворени. Но, земјите кои сакаат да станат членки мора да ги направат потребните напори и неопходните реформи за да поминат низ вратата“, вели Расмусен.
Претходно го потврди ставот на НАТО дека за Македонија, вратата за прием во НАТО е отворена, но прво треба да се реши името според одликата во Букурешт во 2008 година.
„За жал, оттогаш не видовме напредок, но одлуката од Букурешт се уште важи“истакна Расмусен.
На четиридневното заседание на Собранието на НАТО во Дубровник учествуваат околу 300 парламентарци од земјите-членки и државите - партнери на Алијансата.
Слично
