Економија, финансии, бизнис

Контакт

Раскинати договорите за државно земјиште со над 170 земјоделци

Раскинати договорите за државно земјиште со над 170 земјоделци

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски во вчерашното гостување во емисијата „За или против“ на Алфа телевизија рече дека за време од една година се раскинати договорите со над 170 земјоделци при распределбата на земјоделското земјиште. .

Тој посочи дека во изминативе 12 месеци се реализираа два јавни повика за распределба на земјоделско земјиште при што беше опфатена целата територија на Македонија. Над 2.100 договори се склучиле, а се распределени околу 6.000 хектари.

„Морам да потенцирам дека не течеше само процесот на распределба на земјоделско земјиште, туку течеше и процесот на контрола на евентуални злоупотреби при што над 170 договори се раскинаа во изминатава година дена, повеќе од 2.500 до 3.000 хектари се ослободени“, истакна министерот.

Министерот Трипуновски посочи дека контролата ќе продолжи за да се спречат злоупотребите на земјоделско земјиште. И одземеното земјиште ќе биде распределено кај земјоделците кои што сакаат да работат.


Слично

Поврзани вести