Економија, финансии, бизнис

Контакт

Расходите лани изнесувале третина од БДП

Расходите лани изнесувале третина од БДП
Во 2015 година вкупните расходи во Буџетот изнесувале 180.632 милиони денари, односно 32,7% од БДП. Ова го покажуваат податоците на Министерството за финансии. Tековните расходи  од 161.965 милиони денари се зголемени за 7,7%, споредбено со истиот период во 2014 година. Доминантно учество во тековните расходни ставки имаа трансферите кои изнесуваа 112.734 милиони денари и истите учествуваа со 62,4% во вкупните расходи. Платите и надоместоците беа реализирани во износ од 24.685 милиони денари, социјалните трансфери изнесуваа 82.903 милиони денари, а трансферите кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување зафаќаат најголем дел од социјалните трансфери, со 50.285 милиони денари. Блок дотациите кон единиците за локална самоуправа чинат 14.590 милиони денари, и беа реализирани за 2,4% повеќе во однос на периодот претходната година. Субвенциите кои се реализирани во износ од 11.916 милиони денари учествуваат со 6,6% во вкупните расходи. Во периодот јануари - декември 2015 година остварен е дефицит во Буџетот на Република Македонија, од 19.425 милиони денари или  3,5% од БДП, а дефицитот на Централниот буџет е остварен во износ од 16.261 милиони денари.
Слично

Поврзани вести