Рашити: Инцидентот во Гошинце е монтиран од Владата за дневнополитички потреби
Исто како и случајот „Монструм“ и инцидентот во Гошинце е монтиран од Владата за дневнополитички потреби. Ова во емисијата „Патот кон...„ го изјави Наим Рашити од „Групата за Балканот“ за Алсат-М.
Тој вели дека за овие сценарија знае и меѓународниот фактор. “И случајот „Монструм“ беше монтиран со пет убиства за политички цели. Тоа го кажуваат клучните дипломати инволвирани во овие процеси. Постојат сомнежи и од дипломати дека случајот со Гошинце бил оркестриран и конструиран за да се најде нешто. Многу е лесно да најдеш млади, кои се занимаваат со шверц, и да ги платиш. Знаеме како беше отворена границата кај Дебалде за шверц до 2008 година и тгоа продолжи и понатаму“, вели Рашити. Абдулменаф Беџети остро ги критикуваше последните посети на лидерот на ДУИ Али Ахмети на Приштина, што според него станало практика - секогаш кога во земјата избувнува некоја криза. Изјавата на Ахмети дадена во Приштина, според Беџети многу им наштетила генерално на Албанците, а е во полза на центрите кои монтираат сценарија во кои виновници се Албанците. “Секогаш кога тука ќе пукне нешто, да речам конфликт или тензија, тој оди или во Приштина или Тирана и ова последното беше малку парадоксално поради контрадикциите со кои тој отиде таму. Со ова, сака да предупреди дека иако ова реално се случило дека не доаѓа од локалното население, од внатрешниот албански фактор во Македонија, но можеби е увезено од Косово. И двете тези се многу опасни. И за нас како Албанци но исто и за Косово зашто веднаш му дадовме материјал на регионот, и тоа особено на портпаролот на српската Влада кој ги искористи овие изјави за да продолжат да ги репродуцираат своите тези за една вина на Албанците, без алудирање кои Албанци, на Албанците, со посебен акцент на тие во Косово како фактор на дестабилизација во регионот”, изјави Абдулменаф Беџети, академик.
Целата вест на овој линк.
