Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рапидно се зголемуваат лошите кредити што банките не можат да ги наплатат!

Рапидно се зголемуваат лошите кредити што банките не можат да ги наплатат!

Според последните податоци за јуни што ги објави Народната банка, банките не можат да наплатат речиси 440 милиони евра дадени кредити, што е околу 11 проценти од вкупното кредитно портфолио. Од месец во месец рапидно се зголемуваат лошите кредити што банките не можат да ги наплатат.

Ненаплатливите кредити бележат енормен пораст од 19,5 отсто во период од шест месеци. Поголем дел од лошите кредити доаѓаат од бизнис-секторот, односно 335 милиони евра се спорни за наплата од компаниите, додека граѓаните не можат да вратат околу 105 милиони евра.

Банкарите коментираат дека најпроблематични должници се компаниите што се занимаваат со угостителство, трговските и земјоделските фирми.

- Бизнис-секторот се соочува со сериозни финансиски проблеми, компаниите го намалуваат производството, немаат доволно пари и поради тоа бараат кредити само за надминување на тековните ликвидносни проблеми. Сите кредити што се бараат во последно време, се за рефинансирање. Земаат од една банка за да вратат кредит во друга и тоа ги одржува во живот, но нема инвестициски циклус кој може да обезбеди стабилен развој. Во такви услови, кредитирањето мора да се одвива многу претпазливо“, оценуваат банкарите, објави „Капитал“.

Слично

Поврзани вести