Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рапиден раст на платите во Бугарија!

Рапиден раст на платите во Бугарија!
Бугарија ќе ги зголеми платите на јавната администрација за 10% од Нова Година,  а празнично за Божиќ планира да ги изненади и пензионерите. Како што пренесува бугарското радио “Фокус“, ваква најава дошла директно од министерот за финансии на Бугарија Симеон Џанков. “Во системот на образованието првично имаше 5% зголемување, потоа најдовме дополнителни 20 милиони “ – изјавил  Џанков. Според него, повеќе од 11% ќе биде зголемувањето на платите на наставниците во училиштата и градинките, а за првпат ќе има и финансирање на работна облека. Но, освен за админситративците, Владата на Бугарија планира “новогодишно“ изненадување и за пензионерите.

Министерот за финансии изјави дека ќе има и новогодишни надоместоци за пензионерите, ако буџетот биде во позитива. "Ќе почекаме да видиме каква ќе биде состојбата со буџетот. Доколку сме во плус на ниво на целиот буџет за годината, а во моментов сме на плус, ќе  има божиќен додаток", рече вицепремиерот.

Според новите законски решнија за државната администрација, владата може со флексибилност до 30% да ги награди административците што работеле добро. Бугарија најдобро на Балканот снаоѓа во кризата Во време на должничката криза Бугарија покажа висок степен на финасиска дисциплина. Според задолженоста оваа европска земја успеа да одржи ниско ниво на јавен долг. Последните мерења за вториот квартал од годинава покажуваат дека долгот на владата на Бугарија изнесува само 16,5% од Бруто домашниот производ. Лани, владата успеа да го задржи буџетскиот дефицит на 2% од БДП.  Стапката на невработеност, измерена во септември,  изнесува 12,4 отсто и земјата успеа во последните шест месеци од годината да ја одржи на ова ниво, без значајни поместувања во нагорна лнија. Во првите два квартали од годинава Бугаија успеа да избегне рецесија, при што економијата прикажа раст од по половина процент во двата квартали. За разлика од Бугарија, дел од европските економии, особено оние што беа “жаришта“ на економската криза беа принудени да влезат во длабоки реформски процеси и да обезбедат милијарди евра заштеда во буџетот преку намалување на администрацијата, на платите и со зголемување на даноците.
Слично

Поврзани вести