Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рано е да се каже дали струјата ќе поскапи

Рано е да се каже дали струјата ќе поскапи
Уште е прерано да се каже дали струјата ќе поскапи ова лето, велат за порталот Телеграф од Регулаторната комисија за енергетика. Нова пресметка ќе има, но не може да се каже дали таа ќе резултира со повисока или пониска цена на струјата. „ Тоа зависи од пресметките за трошоците на големите енергетски компании за производство, пренос и дистрибуција на електрична енергија“, објаснуваат регулаторите. Регулаторната комисија за енергетика вели дека ќе ја информира јавноста кога ќе биде закажана подготвителна седница за цената на електричната енергија. Тогаш ќе се анализираат извештаите на компаниите за нивните годишни трошоци, па ќе се примени методологијата за цена на електричната енергија. Во моментов, еден киловат-час електрична енергија во скапа тарифа домаќинствата го плаќаат по 4,05 денари, а во евтина тарифа по 2,03 денара.
Слично

Поврзани вести