РАМПА ЗА МИГРАНТИ: Србија ја затвори границата, што ќе направи Македонија?
Соседна Србија денеска ги спушти рампите и стави СТОП за бегалците затворајќи ја границата за мигранти со Македонија, бидејќи Хрватска не ги пушта бегалците понатаму кон Словенија и Австрија.
Српските медиуми пренесуваат дека од вчера попладне ниту еден воз со мигранти не тргнал од Шид, а дека уште околу 250 бегалци на пат од Прешево кон хрватската граница, нивната земја се одлучила на овој чекор за да не дојде до пренатрупување на луѓето кај нив.
После овој чекор на Србија, и Македонија е приморана да ја спушти рампата кон Грција.
Слично
