Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рамазанските пости за муслиманските верници почнаа-политичарите со честитка

Рамазанските пости за муслиманските верници почнаа-политичарите со честитка

За верниците од исламска вероисповед од денеска започнува Светиот месец – Рамазан, месец на пости и религиозна посветеност. Во наредните 30 дена муслиманските верници ќе постат од изгрејсонце до зајдисонце.

„Овој месец е симбиоза на сето тоа што може да се изрази само преку постот, затоа, го молиме Севишниот Аллах да ни овозможи уште еднаш да го исчистиме и да го воздигнеме нашиот дух, со што ќе бидеме по убедени и по близу до Бога“, стои во пораката што на верниците им ја упати поглаварот на Исламската верска заедница во Македонија, реис ул улема Сулејман ефенди Реџепи.

Според исламската религија, постот, кој е еден од исламските столбови е задолжителен за сите верници за нивно физичко и душевно прочистување. Истовремено, верниците мора да се воздржуваат од лоши зборови и дела со цел општо човечко прочистување. Во постот се поштедени болните, бремените жени и работниците кои вршат тешка физичка работа.

Рамазан е празник кој секоја година се поместува за 10 дена напред. По рамазанскиот пост следува Рамазан Бајрам, кој оваа година паѓа на 28 јули и се чествува три дена.

Партиските лидери Груевски и Заев со честитка за празникот

Првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски упати честитка до поглаварот на Исламската заедница во Република Македонија, Реис Ул Улема, Хаџи Сулејман Ефенди Реџепи.

Тој на муслиманските верници им посака „лесен пост, радосни празнични денови и ваквите особини да Ве следат во целата година и за целиот Ваш живот“.

И опозицискиот лидер Зоран Заев со честитка по повод почетокот на рамазанските пости.

„На сите верници од исламска вероисповед, и Вам лично, Ви го честитам започнувањето на овогодинешните Рамазански пости.

Светиот месец Рамазан нека донесе семеен мир, хармонија и радост за дочекување на големиот празник Рамазан Бајрам“, гласи пораката на Заев.

Слично

Поврзани вести