Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама за преговорите: Ние сме трагично оптимисти

Рама за преговорите: Ние сме трагично оптимисти

За нас постои само една дестинација, а тоа е ЕУ, вели албанскиот премиер Еди Рама. 

За почетокот на преговорите вели дека не е скептичен, туку трагично е оптимист. Рама вели дека ова е во духот на Балканот. 

„Трагично песимистички значи да се самоубиеш. Трагично оптимист, трагично е, но мора да танцуваме. Ова е. Мислам дека тоа е духот на Балканот. Ние сме трагично оптимисти. Нè жалат луѓе кои не знаат како е животот на Балканот. Луѓето кои не знаат каков е животот на Балканот, нè сожалуваат. И нам ни е жал за нив, затоа што кога и многу пати нашиот живот, извинете за изразот, отиде по ѓаволите, ние никогаш не се откажавме“, рече Рама.

Додава дека војната не го забрзала позитивниот одговор за почеток на преговорите на Албанија со ЕУ. Рама претходно во неколку наврати ја критикуваше Бугарија затоа што го кочеше почетокот на преговори на Македонија и со тоа и Албанија на некој начин беше заложник. 

фото: EPA-EFE/STEPHANIE LECOCQ

Слично

Поврзани вести