Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА МИГРАНТИТЕ: Нема причина да се плашиме

РАМА ЗА ДОАЃАЊЕТО НА МИГРАНТИТЕ: Нема причина да се плашиме

Албанскиот премиер Еди Рама уверува дека со мигрантите нема можност за влез и на терористи.

За италијанскиот дневен весник Corriere della Sera, Рама одговора на критиките дека меѓу бегалците може да има и терористи.

„За да се гарантира максимална безбедност, вели тој, имигрантите ќе поминат низ филтерот на безбедносните агенции на двете земји. Нема причина да се плашиме. Едноставно мораме да имаме волја и грижа да ја исполниме оваа заложба со почитување на човечкото достоинство и правилата утврдени за функционирање на оваа заедничка операција, кои вклучуваат и контрола од безбедносните агенции на двете земји“, појаснува Рама.

Албанскиот премиер вели дека ова е благодарноста кон Италија  за прифаќањето на илјадници албански граѓани по падот на тоталитарниот режим, кога земјата ја зафати масовен егзодус.

„Меѓу мигрантите што ќе ги прибира Албанија може да има и членови на ИСИС“, предупредува експертoт за безбедност Ермир Ѓиниши.

Тој е загрижен поради потпишаниот договор меѓу Албанија и Италија, за изградба на прифатни центи за имигранти, затоа што „доаѓањето на имигрантите од Африка може да донесе со себе и опасни експоненти, како што се случи во други земји“.

Слично

Поврзани вести