РАМА ЗА АВГАНИСТАНЦИТЕ: Сите членки на НАТО мора да ја признаат својата одговорност
За НАТО, албанскиот премиер Еди Рама вели дека „најмоќниот воен сојуз во светот не може да стане ентитет безрбетник во очите на авганистанскиот народ“.
Тој нагласи дека сите членки на НАТО мора да ја признаат својата одговорност, јави МИА.
„Најмоќната воена алијанса во светот, изградена за да ги поддржи тие идеали со присуство на сила и моќ за пример, не може да стане ентитет безрбетник во очите на авганистанскиот народ и милиони луѓе во други земји кои сакаат да живеат во слободно, праведно и демократско општество. Сите ние, заедницата на нашите земји, мора да им дадеме надеж, засолниште и нов живот на сите оние кои ни веруваа, работеа за нас и се бореа за ветувањето за иднината што ја претставувавме“, додава Рама.
Рече дека денес Албанија, во согласност со традицијата на Албанецот, за кого според канонот „домот на Албанецот е дом на Бога и гостинот“, како членка на НАТО, била прва што прифатила да згрижи Авганистанци.
Во земјата допатуваа 607 Авганистанци, кои се сметени во Студенскиот град во Тирана, како и во хотели во градовите Драч и Шенѓин.
Во Македонија стигна првата група, а бегалци има и во Косово. Многу земји се оградија, не сакаа да примат бегалци или прифатија едноцифрен број.
