Рама во Владата остави места за тројца Косовари
Албанскиот премиер Еди Рама на седница на Националното собрание на партијата откри дека во новата влада ќе има место и за тројца заменици министри по потекло од Косово.
Беса Шахини ќе биде заменик министер за образование, Ваљбона Шујаку за култура, додека Хајрула Чеку ќе биде заменик министер за туризам и животна средина.
– Именувањето заменици министри од Косово во албанска влада се случува за првпат и е една од новините на Рама во владинот кабинет, констатираат албанските медуми.
Заменичко место во Министерството за надворешни работи доби и Артемиса Драло, претставник на грчкото малцинство, додека заменик минстерка за финансии и економија е Дајна Соренсен, Албанка мажена за Данец.
Националното собрание за нов генерален секретар на Социјалстичката партија го избра Таулант Бала, на местото на Грамоз Ручи, кој се повлекува од функцијата поради изборот за претседател на албанскиот парламент.
