Рама во патики и костум се сретна со Саркози: Што беше повод за средбата?
За време на престојот во Париз, албанскиот премиер Еди Рама го посети поранешниот француски претседател Никола Саркози во неговата куќа.
Рама тоа го објави на својот Фејсбук, истакнувајќи дека е привилегија да може да се консултира со него за бројни предизвици во Албанија и целиот регион.

- Со специјален пријател во неговиот дом во Париз, претседателот Никола Саркози, со кого имам привилегија да се консултирам за предизвиците на Албанија и нашиот регион на патот на економскиот и социјалниот развој и европската интеграција - напиша Рама.
Фото: Фејсбук/Еди Рама
Слично
