Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: Внимателно следиме како преговараат Македонија и Грција

Рама: Внимателно следиме како преговараат Македонија и Грција

Албанскиот премиер Еди Рама по враќањето од Давос, на состанок на парламентарната група на Социјалистичката партија истакна дека Албанија внимателно ги следи преговорите за разликата околу името меѓу Грција и Македонија.

„Ние многу го поддржуваме позитивниот прогрес на процесот на дијалог меѓу двата наши соседа. Се надеваме дека ќе има финализација на преговорите со што ќе се отвори патот на Македонија, преку договор за името да се врати на прекинатите интеграции во НАТО и ЕУ“, истакна Рама.

Засега од Албанија пристигнуваат многу внимателни пораки кои не го нарушуваат процесот на разговори меѓу Македонија и Грција за разлика од минатото кога имало поединечни албански политичари со свои неумесни изјави со кои се мешале историски прашања меѓу земјите на Балканот, особено од античкиот период.

Слично

Поврзани вести