Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама вели дека Србија треба да го признае Косово и да бара прошка

Рама вели дека Србија треба да го признае Косово и да бара прошка

Aлбанскиот премиер Еди Рама зборува за обединување на Албанците. Тој кажа дека заедно со косовскиот премиер Албин Курти имаат иста цел, а тоа е обединување. 

Сепак, додаде дека имаат поинаков пристап кон Србија. 

„Албанците мора да се обединат. Да, нормално дека Албин го сака истото, но јас мислам поинаку на патот до таму, а Албин мисли поинаку. Но, Албин е премиер на Косово и тој може да бира, му посакувам сè најдобро и успех и нека сфати дека можеби грешам“, кажа Рама.

Албанскиот премиер вели дека Србија треба да го признае Косово, и да „побара прошка“.  Ден претходно косовскиот премиер му порача дека не треба да полага надеж во српскиот претседател Александар Вучиќ.

фото ЕПА

Слично

Поврзани вести