Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама вели дека Косово влегло во опасен циклус

Рама вели дека Косово влегло во опасен циклус

Србите се на маса, а Косоварите бегаат, тоа е незамисливо,  вели албанскиот премиер Еди Рама. 

Рама изјави дека Косово влегло во опасен циклус со мешање на надворешната и внатрешната политика. Тој изјави дека постои „концептуално несогласување“ со премиерот на Привремените институции во Приштина, Албин Курти, околу регионалната политика и иницијативата „Отворен Балкан“, што, како што вели, е стратешки интерес на албанската нација.

Тој за ТВ Клан изјави дека не може да ја прифати идејата дека Косово ја напуштило масата, додека Србија е присутна, пренесува „Газета експрес“.

„ Она што го постигна нашата дипломатија со Белград е дека претседателот на Србија го прифати слободното движење на луѓе како дел од она што ние денес го нарекуваме „Отворен Балкан“. Берлинскиот процес е токму тоа, но тој е многу побавен и зависи од европската бирократија”, рече Рама.

Говорејќи за дијалогот меѓу Белград и Приштина, Рама рече дека е многу тешко, но дека атмосферата што го опкружува не треба да биде „атмосфера на барикади“.

Слично

Поврзани вести