Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама тврди во Атина се зборувало албански

Рама тврди во Атина се зборувало албански

Според историчарите и автентични докази во минатото Атина бил град каде што доминантно се зборувало на албански јазик, напиша албанскиот премиер, Еди Рама на својот „фејсбук“ профил. 

Тој за ова се повика на еден запис од 1925 година, во кој грчкиот принц фанариот Еуген Ризи – Рангабе за Атина запишал: „Автохтоното население и ден-денес главно е албанско“. 

Благодарение на Албанците грчкиот акропол не бил разурнат низ историјата, наведува Рама. 

Ова е реакција на грчко-албанската кавга за случувањата во албанскиот град Химара. 

Причината е уривањето куќи во градот Химара, сопственост на грчкото малцинство кое живее во него. Одлуката на албанската влада предизвика остра реакција на грчкото МНР, но и на Рама, кој нагласи дека Химара е албански град, како што Атина е грчка. 

Алудирајќи на тоа дека Грција не треба да се меша во одлуките на Албанија, Рама потсети дека тоа што во некој регион се зборувало или се зборува јазик на друга држава, не треба да се земе како причина матичната држава на тие лица да се меша во политиката на земјата домаќин.

Албанија и Грција во последно време ги заладија односите. Неодамна грчкиот шеф на дипломатијата,  Никос Kоѕијас, ја предупреди Албанија да биде повнимателна во однос на прашањето за Чамите. Тој изјави и дека Грција е многу посилна од Албанија споменувајќи ги притоа и системите за одбрана, односно за безбедност. На тоа следуваше реакција од една албанска пратеничка, која го нарече кловн. 

Слично

Поврзани вести