Рама соопшти дека сите луѓе од шаторите ќе заминат во хотели
Луѓето кои останаа без своите домови во силните земјотреси во Албанија ќе заминат во хотели.
Шаторите ќе бидат минато, од утре сите сместени во хотели, најави вечерва премиерот Еди Рама во линковско вклучување за Топ Канал, пренесува ТВ21 од Туман, Албанија.
„Им кажав на моите пријатели дека утре ќе одат во хотели што се најдобри во земјата. Оваа приказна за шатори ќе биде затворена утре. Нема да имаме шатори за 2-3 дена“, изјави Рама.
Цела ноќ имаше послаби потреси во Албанија. Веќе четврти ден земјата се труди да ги санира штетите од силниот земјотрес. Спасувачките екипи се на терен.
Рама вчера на својот Фејсбук профил напиша дека складиштата се полни со храна и облека и истакна дека сега е време за донации со пари преку отворени интернет платформи.
