Рама собра пари за казната за двоглавиот орел со рацете на Џака и Шаќири
Албанскиот премиер Еди Рама на својот Фејсбук профил објави дека се собрани потребните пари за да се плати казната на фудбалерите на швајцарската репрезентација, Џердан Шаќири и Гранит Џака, одредена од ФИФА.
Иако тој потврди дека се собрани потребните средства, сепак не наведе за колкава сума станува збор.
Веднаш откако ФИФА ја објави паричната казна од по 10.000 франци за Гранит Џака и Џердан Шаќири, кои по постигнатите голови против Србија славеа со создавање на двоглавиот орел со рацете, албанскиот премиер Рама покрена акција за собирање на донациите под слоганот „Не плашете се од орелот“ со отворање на специјални жиро-сметки на кои секој можеше да уплаќа донации со кои би се платила казната.
Слично
