Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМА СЕ ШЕГУВА: На Белград му е потребна магија да влезе во ЕУ пред Албанија

РАМА СЕ ШЕГУВА: На Белград му е потребна магија да влезе во ЕУ пред Албанија

Премиерот на Албанија, Еди Рама, за „Политико“ изјави дека Србија нема да стане членка на ЕУ пред Албанија оценувајќи дека на Белград му е потребна магија, при што е уверен дека тоа нема да се случи.

„Ние цврсто веруваме дека извештајот на Комисијата би требало да биде позитивен. Што се однесува на Советот, тоа е борба до последна секунда, мораме сите да ги убедиме дека тоа е само една правилна работа што треба да се направи“- вели Рама.

Според Рама, Србија не може да влезе во ЕУ пред Албанија, особено затоа што Белград ќе мора да го реши чувствителното прашање во врска со Косово.

Европската комисија соопшти дека Србија како земја со најголем број на жители на Западен Балкан и нејзиниот помал сосед Црна Гора се фаворити во процесот за пристапување во ЕУ и објави дека двете нации, кои веќе се наоѓаат во преговори за членство, би можеле да влезат во ЕУ до 2025 година, пишува „Политико“.

Наведува дека и Албанија и Македонија се надеваат дека во наредните месеци ќе добијат зелено светло за почеток на преговорите за членство во ЕУ, односно дека двете земји очекуваат Комисијата во април да објави дека се исполнети зададените критериуми и дека потоа Европскиот совет на национални лидери во јуни ќе одлучи дали ќе одобри почеток на преговорите.

Слично

Поврзани вести