Рама се пошегува со ЕУ, вели ги стигнала кармата
Премиерот на Албанија, Еди Рама направи шега на сметка на Европската Унија(ЕУ).
Објасни дека кога го видел корупцискиот скандал „Катаргејт“, помислил дека кармата стигнала до претседателката на Европскиот парламент, Роберта Мецола.
Рама додаде дека ЕУ бара повеќе од кандидатите за членство, како што е Албанија, отколку од нејзините земји членки.
„Роберта, извини, морам да кажам. Кога се откри корупцискиот скандал, реков: Кармата е кучка“, изјави Еди Рама вчера на панелот „Политика“ во Давос.
Полицијата во Белгија уапси неколку лица поради „Катаргејт“, меѓу кои и грчката европратеничка Ева Каили и нејзиниот италијански партнер Франческо Џорџи. Уапсени се и поранешниот италијански пратеник Пјер Антонио Панцери и Николас Фиго-Таламанка, генерален секретар на кампањата за владеење на правото. Полицијата запечати неколку канцеларии во Европскиот парламент и заплени најмалку 1,5 милион евра во готовина.
Рама за Македонија нагласи дека Русија е многу популарна. Наведе дека рускиот претседател Владимир Путин е многу популарен.
фото Фејсбук
