Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМА СЕ ПОФАЛИ СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ТУРИЗМОТ: Вели одењето во Грција и Италија веќе не е подобро решение

РАМА СЕ ПОФАЛИ СО ПОВИСОКИ ПЛАТИ ВО ТУРИЗМОТ: Вели одењето во Грција и Италија веќе не е подобро решение

Според албанскиот премиер Еди Рама, работењето во Грција или Италија како имигрант повеќе не е подобро решение од Албанија. 

Рама уште еднаш го повтори повикот албанските имигранти да се вратат и да работат и инвестираат во својата држава.

Во реакција на социјалните мрежи наведува дека платите се зголемиле и до 1.000 евра во домашниот туристички сектор.

Затоа, советува тој,  работата во туризмот во Грција, Италија или каде било во Европа, како албански имигрант веќе не е подобар избор од работата во Албанија, од Тет, на север до Ксамил, на југ.

„Значително зголемените плати и многу пониските даноци и трошоци од каде било на друго место, ја прават работата во албанскиот туристички сектор денес подобар избор отколку во другите земји наоколу“, пишува Рама.

Сепак во многу сектори, вклучително и туризмот има недостиг на работна сила. Дел се пополнува со работници од Филипини и Индија, но по кус престој тие заминуваат, најчесто во западноевропските земји.

Албанија ќе гради аеродром во Валона за да привлече нови 4 милиони туристи. 

Слично

Поврзани вести