Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама се лути на ЕУ: Она што важи денес нема зошто да се спроведува утре, како временската прогноза

Рама се лути на ЕУ: Она што важи денес нема зошто да се спроведува утре, како временската прогноза

Откако кажа дека ништо не очекува од ЕУ, сега албанскиот премиер Еди Рама сега повторно ја критикува ЕУ. 

Според него, нема перспектива за Западен Балкан, а ЕУ самата се држи како заложник на Балканот.  

„Не сум фрустриран, но научив. Сега има друга идеја за правилата на игра во ЕУ и мора да ги прифатиме. Не треба да се губи трпението и страста. Повеќе се работи за функционирање на Албанија како земја на ЕУ отколку за фактот дека Албанија е членка на Европската унија“, изјавил Рама.

 Земјите од ЕУ, додава, не дејствуваат експлицитно. 

„Секогаш има врска со внатрешната политика во една или друга земја – членка на ЕУ. Она што важи денес нема зошто да се спроведува утре. Идентично е како и со временската прогноза“, вели тој. 

Додава дека ништо нема да се промени во иднина, туку Албанија и натаму ќе чека. 

Слично

Поврзани вести