Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама сака во Белград, ама Вучиќ се мисли дали да го прими

Рама сака во Белград, ама Вучиќ се мисли дали да го прими
И покрај најавите на алабанскиот премиер Еди Рама дека тој има намера следната недела да го посети белград без разлика на инцидентот на фудбалскиот натпревар Србија-Албанија, сепак, српскиот премиер Александар Вучиќ, кој треба да биде негов домаќин, е воздржан и се мисли дали да го прими. Според најавите на српските медиуми, Вучиќ викендов треба да одлучи дали ќе му укаже гостопримство на гостинот од Албанија. „Дали воопшто ќе дојде до посета ќе одлучам во текот на викендот“, изјави Вучиќ. Според српскиот премиер, разузнавачките служби имаат информации дека инцидентот бил долго време планиран и имаат докази дека целта била да се понижи Србија. Албанскиот премиер, чиј брат беше обвинет дека управувал со беспилотното летало кое предизвика инцидент на натпреварот, денеска увери дека „Голема Албанија“ не е проект на Тирана. „Нормална Србија ќе биде возможна само ако реална Србија сфати дека нивниот кошмар Голема Албанија всушност не е наш проект“, напиша Рама на својот Твитер профил.
Слично

Поврзани вести