Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама сака граница по Шенген зона и со Македонија

Рама сака граница по Шенген зона и со Македонија

Премиерот на Албанија,  Еди Рама изјави дека на пролет границата меѓу Албанија и Косово ќе биде отворена според критериумите утврдени за Шенген зона, објави Коха Диторе.

Вели дека она што го прават е многу едноставно. 

Тој на новогодишниот прием во Тирана ги повика амбасадорите да не ја „деформираат целта на тие мерки врз основа на националниот фолклор од минатото“.

„Го зедовме целиот режим на Шенген, го преведовме од почеток до крај, почнавме многу детален технички процес меѓу Министерството за внатрешни работи на Албанија и Косово, за да ја гарантираме слободата на движење, која денес е апсурдна, не доведувајќи во прашање ниту еден стандард на гаранции што ги даваме како земја која е дел од визната либерализација“, изјави Рама.

Најави дека Шенген системот наскоро ќе се воспостави и со Македонија и изрази надеж дека тоа во блиска иднина ќе се случи и со Црна Гора.

На новогодишниот прием на амбасадори присуствуваа и амбасадорите на Русија и Србија во Албанија, Александар Карпушин и Мирољуб Зариќ.

Слично

Поврзани вести