Рама призна дека со пола милијарда евра се признало независно Косово
Албанскиот премиер, Еди Рама изјави дека со помош на албанската дијаспора од 500 милиони долари, се признало независно Косово.
Албанците го сакаат Косово и треба да го признаат сите држави во светот, смета тој.
„Во тоа е вложено повеќе од пола милијарда евра, во тоа помогнаа луѓето кои живеат во дијаспората, луѓе кои се богати и тие го пренесоа ослободувањето на Косово. Но, Косово кое го имаме денеска, не е тоа Косово кое сакаме да биде такво, рече Рама на собирот на албанската дијаспора во Тирана, на која учествува и косовскиот премиер Хашим Тачи“, вели Рама.
Тоа е предизвик за сите кои што живеат насекаде по светот, и треба да даваат свој допринос за државата, рече Рама.
Слично
