Рама порача: Плажите во Албанија ќе ги обезбедува полицијата
Полициските
службеници ќе бидат присутни на целото албанско крајбрежје, изјави денеска слбанскиот
премиер Еди Рама, нагласувајќи дека ќе имаат право да одземаат на самото место
лежалки, чадори за сонце и секаков вид друга помошна структура што не одговара
на издадениот документ на субјектот.
-Сакам денес да упатам апел до сите оние субјекти кои немаат регуларна документација дека се обврзани да ги напуштат областите што не им припаѓаат со закон и нерегуларно. Се што ќе биде одземено нема да им се врати, рече Рама.
Посочи дека плажите им припаѓаат на луѓето, на граѓаните и колку што приватните субјекти се вклучени во процесот на гарантирање на туристичката сезона, тие се исто така нивна одговорност.
Овој став на Рама следува по неколкуте инциденти на плажите во Албанија. На време на викендот во вооружена престрелка меѓу сопственици на барови на плажа загинаа дури четири лица, а во текот на вчерашниот ден, беа запалени 60 лежалки.
