Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама порача дека сите во регионот треба да извлечат поука од војната во Украина

Рама порача дека сите во регионот треба да извлечат поука од војната во Украина

Aлбанскиот премиер Еди Рама порачува дека соседите не можат да се бираат коментирајќи ги односите на Балканот. 

Кажа дека Србите, Хрватите и Црногорците нема да одат никаде и дека сите мора да пораснат и да заборават на хаосот од минатото, пренесува „Репортери“. На 18-та конференција на Јадранско-јонската иницијатива, Рама вели дека не треба да се заборави колку другите го користеле грбот на нашите земји и неволјите што самите сме ги направиле. 

„Тука сме да останеме, Србите нема да одат никаде, како и Хрватите и Црногорците. Мораме да го средиме тоа и да го заборавиме целиот хаос што си го приредивме едни на други. Да не заборавиме колкава загуба е да се инвестира во омраза. Имаме уште долг пат да одиме, но денес сме подобро место во споредба со она каде што бевме“, изјави Рама.

Вели дека украинскиот конфликт е исклучителна лекција и ги повика сите во регионот да продолжат по патот на мирот и да не паѓаат во замките на минатото. Албанија е дел од проектот „Отворен Балкан“ за што Косово имаше критики. Овој проект има за цел да го олесни животот на граѓаните од Албанија, Србија и Македонија преку повеќе олеснувања. 

Слично

Поврзани вести