Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама означи крај на потрагата под урнатините, им се заблагодари на спасувачките екипи од странство

Рама означи крај на потрагата под урнатините, им се заблагодари на спасувачките екипи од странство

Владата на Албанија одржа состанок по пет дена од силниот земјотрес што ја погоди земјата на 26 ноември. Во своето обраќање, премиерот Еди Рама рече дека операциите за пребарување и спасување се завршени и бројот на загинатите се искачи на 50.

„Акциите за пребарување и спасување се завршени и за жал морам да кажам дека бројот на жртвите се искачи на 50“, рече Рама.

Рама, исто така, им се заблагодари на екипите за пребарување и спасување кои дојдоа од странство.

„Морам да им се заблагодарам на трупите за пребарување и спасување кои дојдоа однадвор. Без нив не би можеле да спасиме ниту еден жител од урнатините. Но, ова не ја намалува работата на нашите екипи за пребарување и спасување, но им беа потребни специјализирани алатки “- наведе премиерот.


Слично

Поврзани вести