Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама одлучи, оди во посета на Белград!

Рама одлучи, оди во посета на Белград!

Албанскиот премиер Еди Рама решил да отпатува во Србија како што е планирано, и покрај инцидентот на натпреварот помеѓу двете репрезентации на овие две земји во Белград.

Неодамна беше договорено Рама да отпатува во посета на Белград на 22 октомври.

„Рама потврди дека одлучил да отпатува во Белград. Ставот на албанските власти за оваа посета остануваат исти, и покрај разочарувањето предизвикано од инцидентите и реакцијата на српските претставници. Одлучивме дека таа посета треба да се реализира“, рекол претставникот на албанската влада Нико Пелеши.

Рама неодамна истакна дека ќе отиде во Белград, но дека е разочаран поради неодамнешните инциденти.

„Таа посета е во интерес на нашите две земји, но секако на српска страна е да потврди дека се обврзува и дека е подготвена дека таа добро ќе се одвива“, додал Палеши.

Портпаролот на албанскиот министер за надворешни работи Дервиши рекол дека „Албанија е одлучна да не падне во замката на насилства кои го одбележаа фудбалскиот натпревар, и останува приврзана кон работата за мир, сорабока и дијалог помеѓу земјите од регионот. Натпреварот Србија-Албанија е прекинат во вторникот вечерта бидејќи на теренот се појави беспилотно летало кое носеше знаме на „Голема Албанија“ а потоа, дојде до тепачка помеѓу навивачите на теренот и остри политички реакции и реакции на медиумите.
Слично

Поврзани вести