Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама одговори дали туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот ‘Синалоа” на Ел Чапо”

Рама одговори дали туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот ‘Синалоа” на Ел Чапо”

Албанските медиуми пренесуваат информација од мексиканските медиуми под наслов „Туризмот во Албанија се развива со црни пари од нарко картелот ‘Синалоа” на Ел Чапо”.

Албанскиот премиер Еди Рама  рече дека „не познава никаков картел” и дека тоа го „искенираат луѓе со штетни намери”. За споменатиот картел и браќата Хаса кои се фотографирани како пред две години излегуваат од неговиот кабинет, тој вели дека медиумите насекаде пренесуваат и вистини и лаги.

„Навистина е болно и одвратно, но јас сум прилично немоќен да направам што било освен да ја ставам мојата моќ на располагање на вистината и фактите“, рече Рама.
Според мексиканските медиуми, „Ел Мајо” има свои врски со браќата Луфтар, Арбен, Фатос и Рамиз Хиса, кои се дел од албанска криминална група.

Мексиканските федерални власти велат дека браќата Албанци во име на картелот „Синалоа” спроведуваат операција за префрлање милиони долари во нивната земја преку фиктивни фирми.

Инаку, само за првите шест месеци од годинава приливот на странски туристи во Албанија е пресметан на 1,13 милијарди евра, над 440 милиони евра повеќе во однос на истиот период лани, покажуваат податоците на Централна банка на Албанија.

Слично

Поврзани вести