Економија, финансии, бизнис

Контакт

„Рама, не оди во Белград!“

„Рама, не оди во Белград!“

„Рама, не оди во Белград!  Не треба да учествуваш на конференција не само поради  апсењето на директорот на косовската полиција , ниту пак поради  непризнавањето на Косово туку пред се’ поради извршените злосторства за време на војната во Косово“.  Овој апел на лидерот на движењето на Самоопределување Висар Имери не го предомисли премиерот на Албанија да присуствува на денешната безбедносна  конференција во Србија .

Еди Рама кој синоќа слета на аеродромот во Белград  беше пречекан  од министерот за надворешни работи Ивица Дачиќ, а утринава  заедно со премиерот на Србија Александар Вучиќ разговараат за српско-албанските односи и стабилноста на Југоисточна Европа

Според лидерот  на косовско движење,  со присуството на конференцијата во Белград Рама му помага на Вучиќ да  делува како добар балкански политичар, додавајќи дека албанскиот премиер  би требало  пет пат да оди во Загреб, четри пати во Сараево, три  во Подгорица и дват пати во Софија, па дури потоа еднаш во Белград . Поради апсењето на  шефот на косовската полиција на безбедносниот форум учеството го откажаа претставниците на највијалтелникте институции во Косово како и опозицијата. Меѓутоа, членови накосовскиот невладин сектор присустуваат на панел дискусиите . 

Според властите во Приштина  тенденцијата на Владата во Белград е да го дестабилизира Косово. Очигледно дека тешко оди нормализацијата на српско-косовските односи што покажува и дипломатската активност на Белград поврзанa со имотите на Србите на Косово.

Албанскиот премиер последен пат во Србија беше во ноември 2014 година и тој   настан се смета како историски имајќи во предвид дека повеќе од седум децении  висок претставник од Тирана не бил во Белград. Таа посета се случи  по инцидентот со дронот и палењето на знамето на Голема Албанија на фудбалскиот натпревар во Белград. Инаку на конференција тука во Белград  централни теми се  мигрантската криза, процесот на прширување на ЕУ со земји од Западен Балкан и регионалната соработка.

Во рамки на форумот  ќе се одржат 25 панел дискусииа повеќе од 100 говорници и 700 учесници, владини претставници, меѓународни организации и граѓански организации, меѓу нив  бројни значајни  имиња од политичката и дипломатската сцена. 

Безбедноста во Белград  е подигната на највисоко  ниво,  а  хотелот каде што се одржува  форум  го  чуваат  голем број на специјалци.   

Горазд Чомовски

Слично

Поврзани вести