(ВИДЕО) Рама не можеше да ги задржи емоциите
Албанскиот премиер, Еди Рама порача дека не може да зборува за работи кои се лични, па го прекина разговорот и излезе од кадарот, откако новинарот го праша за смртта на вереницата на неговиот син.
„Не можам за тоа да зборувам. Се наоѓам во позиција која тешко се објаснува“, изјави Рама.
Меѓу жртвите е и вереницата на синот на премиерот Рама.
Веста за смртта на вереницата ја потврди и синот на албанскиот премиер, Грегор Рама.
Кристи Реци (24) која загинала во земјотресот , дипломирала дерматологија на Универзитетот во Тирана. Досега има 46 загинати во земјотресите кои ја погодија Албанија.
Слично
