Економија, финансии, бизнис

Контакт

РАМА НА КОЛЕНА ЈА ДОЧЕКА КОЛЕШКАТА МЕЛОНИ - срдечен пречек за италијанската премиерка

РАМА НА КОЛЕНА ЈА ДОЧЕКА КОЛЕШКАТА МЕЛОНИ - срдечен пречек за италијанската премиерка

Италијанската премиерка Џорџа Мелони беше дочеканасо голема љубезност од премиерот Еди Рама, кој исто така покажа гест на учтивост кон неа со отстранување на чадорот и клекнување на колена.

Таа реагираше со зборовите  „Еди престани... Тој го прави ова за да биде висок колку мене“, рече Мелони, шегувајќи се.


Мелони беше прашана од новинарите дали планира да  го посети италијанскиот центар за имигранти во Ѓадр, на што одговори дека „не може да го посети денеска поради ограниченото време“, но додаде дека „работата таму продолжува“. Според неа, ова покажува дека работите се на вистинскиот пат.

- Немам време да навлегувам во детали, но работата продолжува, а ова исто така ја докажува брзината на работењето. Покажувајќи, како што ветивме, дека сме на вистинскиот пат, рече кусо таа.

Ова не е прв пат Рама да ја дочека Мелони на колена, тој веќе ја прчека на колена кога и честиташе роденден на средбата која ја имаа во Абу Даби.

Фото: Принтскрин/Х

Слично

Поврзани вести