Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: На Груевски не му виновна Тиранската платформа што не е на власт

Рама: На Груевски не му виновна Тиранската платформа што не е на власт

албанскиот премиер Еди Рама во интервју за австриски Стандард ја прокоментира и така наречената „Тиранска платформа“ која ВМРО-ДПМНЕ ја злоупотреби во својата кампања пред парламентарните избори во декември минатата година. 

-Тоа не е причина што поранешниот премиер Никола Груевски веќе не е на власт, смета Рама.

Рама вели и дека е природно што претставници на албанските политички партии во Македонија по изборите, од Тирана барале мислење како да постапат кога станува збор за формирање влада.

– Албанците во Македонија не се малцинство туку конститутивен народ и ако на нив им се помага, тоа значи дека и се помага и на Македонија во зацврстувањето. Тоа што Албанија им помогнала на Албанците во Македонија не значи и мешање во внатрешните работи на друга држава. За нас Македонија е централна и секаква закана за интегритетот за таа држава би била опасна за целиот регион - вели Рама.


Слично

Поврзани вести