Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: Македонија не може во НАТО додека не го примени Охридскиот договор

Рама: Македонија не може во НАТО додека не го примени Охридскиот договор

Премиерот на Албанија Еди Рама најави денес на состанокот на министрите за внатрешни работи во регионот во Тирана дека Албанија ќе стави вето на приемот на Македонија во НАТО ако не бидат дадени цврсти гаранции за примена на Охридскиот договор со кој во 2001 г. е завршен судирот во Македонија.

Рама рекол дека последните настани во Куманово, каде силите на безбедносните сили на 9 и 10 мај се судрија со група која ја предводеле косовски Албанци, се искористени на „името Албанец да се додаде придавката терорист“, што е неприфатливо за албанската држава.

„За жал, во Куманово зборот тероризам и Албанец се поврзани во напорите на етничката заедница да и се даде додатокот тероризам и тоа е непрофатливо, не само за нас, туку и за македонската држава. На оваа држава треба да и е јасно дека Албанците остануваат државотворен фактор на Македонија. Ништо поопасно не може да се случи во борбата против тероризмот од вклучување на терминот тероризам во настаните во Македонија. Мешањето на овие термини е неприфатливо за нас како и теророт кој го преживеаа невините граѓани на Куманово“, рекол Рама.

Според неговите зборовим сите сакаат одржлива Македонија но не и Македонија во која не може да се живее.

„Македонија не може да биде членка на НАТО, без гаранција за остварување на Охридскиот договор“, рекол албанскиот пемиер.

=

Слично

Поврзани вести