Економија, финансии, бизнис

Контакт

Рама: Македонија да го продолжи автопатот од Тирана до Дебар

Рама: Македонија да го продолжи автопатот од Тирана до Дебар

Албанскиот премиер Еди Рама на заедничката седница меѓу владите на Албанија и на Македонија што ќе се одржи во Поградец ќе побара од Македонија да ја продолжи изградбата на автопатот „Арбери“ кој ќе се протега од Тирана до Дебар.

Изградбата на патот „Aрбери“ во должина од 72 километра, додаде, официјално ќе почне следната година. Патот за околу 100 километри ќе го скрати растојанието од Тирана до Дебар.

- На состанокот со македонскиот премиер во октомври, беше договорено да се одржи заедничка владина седница во Поградец на која ќе одлучиме дека е неопходно и македонската страна да го заврши патот „Арбери“ од другата страна. Ќе го приближиме Дебар со Тирана. Тоа е многу пократок пат кој ќе реши голем проблем - рече албанскиот премиер.

Патот, потенцира, не поврзува само една област со друга, туку е стратешки за развој на економијата, вработувањето и туризмот.

- Патот „Арбeри" има за цел да создаде економски коридор со Македонија, преку Дебар и да го направи пристаништето во Драч подостапно - потенцира Рама.

Градежните работи на патот „Арбери“ се очекува да траат 44 месеци. 


Слично

Поврзани вести