Рама: Koсово никогаш повеќе нема да биде под законот на Белград
Според албанскиот премиер, Еди Рама, српски војници на север на Косово е надреално, како Косово да испрати војници на југот на Србија.
Вели дека ситуацијата на северот на Косово е неповолна и загрижувачка. Албанскиот премиер рече дека противпожарните екипи на САД и ЕУ трчаат да ја спасат машинеријата на дијалогот од пламенот на тешката политичка реторика.
Според Рама, барањето на Србија е исто како Косово да побара од НАТО да испрати војници за заштита на етничките Албанци во Прешевската Долина.
„Разбирам дека ова можеби е уште една чадна бомба на политичка реторика, но тоа е исто толку надреално како што би било ако Косово побара од НАТО да испрати албански војници во јужна Србија за да ги заштити етничките Албанци. Сето ова е многу далеку од она што ни треба. Влеговме во третата деценија откако Косово еднаш засекогаш беше ослободено од Белград. Тоа никогаш повеќе нема да биде под законот на Белград“, рекол Рама, јави Ора њуз.
Вели дека крајот на ова календарска година „не е добар за процесот на нормализација меѓу Косово и Србија“.
Инаку, Србија бараше да врати дел од српската војска на Косово, затоа што косовските Срби се чувствуваат небезбедно.Но, и косовската претседателка Вјоса Османи кажа дека веќе никогаш на Косово нема да има српска војска и полиција.
Србите поставија барикади откако косовската полиција го уапси Дејан Пантиќ, кој порано работел во полиција.
Инаку, неговото семејство тврди дека откако е уапсен не стапиле во контакт со него.
